Дома Фудбал Тоа што го направи Мбапе пред Ел Класико е за моментален отказ!

Тоа што го направи Мбапе пред Ел Класико е за моментален отказ!

Килијан Мбапе уште нема освоено трофеј со Реал Мадрид. Поминаа две години од доаѓањето на Французинот и наместо големо славје над „Бернабеу“, црни облаци се надвиснати кои не изгледа дека ќе си одат. Голем хаос се случува во клубот, а Шпанците тврдат дека пред Ел Класико, ѕвездата на кралскиот клуб направила потег кој не се простува.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тој ‘поради повреда’ отпадна за Ел Класико против Барселона. Сепак, Шпанците тврдат дека сето тоа го измислил кога слушнал дека нема да биде во почетниот состав.

„Вчера му било кажано на Килијан Мбапе дека ќе биде на клупа против Барселона. Пет минути подоцна кажал дека е повреден и си заминал од тренингот. Ги оставил сите во шок”, се наведува и додава:

„Тој многу сакал да игра и кога видел дека нема да биде од првата минута во составот, одлучил воопшто да не оди на натпреварот. Оваа ситуација е многу сериозна.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Горецка се договорил со новиот клуб, познати и детали – ќе игра за италијански гигант!

По осумгодишна кариера во Баерн Минхен, 31-годишниот играч за врска Леон Горецка како што …