Дома Кошарка Лејкерс пред елиминација: Оклахома лесно славеше и во Лос Анџелес (Видео)

Лејкерс пред елиминација: Оклахома лесно славеше и во Лос Анџелес (Видео)

Оклахома сака да ја одбрани титулата во НБА лигата и на добар пат е кон тоа. Во полуфиналето на Западната конференција води со 3:0 во серијата против Лејкерс. Ни во третиот натпревар тимот од Лос Анџелес немаше многу шанси да направи нешто – 131:108. Ова беше првиот натпревар во Калифорнија и рутинска победа на гостите.

Дури и со Лука Дончиќ во тимот, Лејкерс ќе беа аутсајдери против актуелните шампиони, а што останува без него… Тандерс покажаа дека не случајно беа први и лесно стигнаа до победа. Играше и Никола Топиќ кој за нешто помалку од три минути промаши еден шут за три, но имаше два скока и една украдена топка.

Кај победниците најдобри беа белгискиот кошаркар Аџај Мичел (24, 10ас) и Шеј Гилџус-Александер (23, 9ас). На другата страна се истакнаа Рои Хачимура (21, 5ск) и Леброн Џејмс (19, 8ас, 6ск).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Спорот за селекцијата 3х3 прерасна во барање Димевски да замине од МОК

КФМ бара оставка од Даниел Димевски поради спорот околу изборот на репрезентацијата 3х3. Ф…