Дома Фудбал Реми во дербито од Премиер лигата, Челси конечно не изгуби! (Видео)

Реми во дербито од Премиер лигата, Челси конечно не изгуби! (Видео)

Фудбалерите на Ливерпул и Челси одиграа нерешено 1:1 во 36-тото коло на англиската Премиер лига, што ги доближи „Црвените“ до обезбедување место во Лигата на шампионите.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Од друга страна, Челси веројатно ќе биде без место во европските натпреварувања следната сезона, бидејќи нивната игра во завршницата на сезоната е загрижувачка, а моментално се на позиција која не води во Европа.

Ливерпул поведе во шестата минута преку Рајан Гравенберх, кому му асистираше Ријо Нгумо. Во 35-тата минута Енцо Фернандез го израмни резултатот.

Аргентинецот лошо центрираше, но топката, иако никој не ја допре, заврши во мрежата на „Црвените“ за 1:1. Изгледаше дека Весли Фофана шутираше, но тоа не беше така, и голот му се припиша на Фернандез.

Во продолжението видовме по еден поништен гол на двете страни. Прво беше анулиран голот на Палмер поради недозволена позиција на Кукуреља, а потоа и голот на Џоунс поради офсајд на Гакпо.

До крајот немаше промена во резултатот, така што големите ривали ги поделија бодовите на „Енфилд“.

Ливерпул остана четврти на табелата со 59 бодови, седум повеќе од Борнмут кој е шести и на позиција која не води во Лигата на шампионите, додека Челси е деветти со 49 бодови, два помалку од седмиот Брентфорд.

Во следното коло Ливерпул ќе гостува кај Астон Вила, а Челси на својот терен ќе го пречека Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Зошто Барселона во 2003 година почна натпревар во 00:05? Каталонците искористија „дупка“ во законот…(Видео)

Барселона и Севиља во 2003 година одиграа натпревар кој започна во неверојатни 00:05 часот…