Дома Фудбал Зошто Барселона во 2003 година почна натпревар во 00:05? Каталонците искористија „дупка“ во законот…(Видео)

Зошто Барселона во 2003 година почна натпревар во 00:05? Каталонците искористија „дупка“ во законот…(Видео)

Барселона и Севиља во 2003 година одиграа натпревар кој започна во неверојатни 00:05 часот на стадионот Камп Ноу.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Овој необичен термин се случи во септември 2003 година кога Севиља одби да одигра натпревар порано, поради правилата за задолжителен одмор меѓу натпреварите. Тогаш Барселона искористи една „правна дупка“ и го закажа натпреварот само пет минути по полноќ, со што технички се водеше како натпревар на следниот ден.

Поради доцниот термин, клубот мораше да се договори со бројни каталонски кетеринг компании за да обезбеди храна и пијалоци за вработените на стадионот, новинарите и повеќе од 80,000 навивачи кои пристигнаа на трибините среде ноќ.

Според шпанските медиуми, на навивачите пред почетокот на натпреварот им беше послужен дури и гаспачо, традиционална студена шпанска супа, а особено внимание привлече дебито на Роналдињо на стадионот Камп Ноу.

Бразилецот таа вечер постигна спектакуларен гол од далечина, и натпреварот заврши со резултат 1:1, околу два часа по полноќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар го реши Силекс, но за шампионско славје ќе почека!

Фудбалерите на Вардар стигнаа до важна победа од 2-1 против Силекс и се наоѓаат на само че…