Дома Фудбал Победа за трофеј: Ал Хилал го освои Купот на Саудиска Арабија!

Победа за трофеј: Ал Хилал го освои Купот на Саудиска Арабија!

Фудбалерите на Ал Хилал триумфираа против Ал Холуд со 2:1 во финалето на Купот на Саудиска Арабија.

Иако тимот на Симоне Инзаги беше голем фаворит пред оваа средба, сепак мораше да вложи сериозен напор за да стигне до трофејот.

Гостите Ал Холуд први постигнаа гол преку Рамиро Енрике, кој во четвртата минута ја затресе мрежата на Боно по асистенција од Бахебри.

Сепак, Ал Хилал не се предадоа и до крајот на првото полувреме успеаја да направат пресврт. Израмнувањето го донесе Ал Давсари, а пресвртот го комплетираше Тео Ернандес во дополнителното време на првиот дел со асистенција од Карим Бензема.

Екипата на Симоне Инзаги продолжи со солидна игра и до крајот на натпреварот го зачува резултатот, освојувајќи го трофејот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барди: Ќе го оставиме срцето на терен, овој стадион е наш дом!

Капитенот Енис Барди присустввуваше на денешната прес-конференција пред утрешниот натпрева…