Дома Останати Тенис Ѓоковиќ знае да биде голем и во поразот, погледнете што му кажа на Прижмиќ по мечот (Видео)

Ѓоковиќ знае да биде голем и во поразот, погледнете што му кажа на Прижмиќ по мечот (Видео)

Младиот хрватски тенисер Дино Прижмиќ (20) приреди вистинско изненадување откако го победи светската тениска звезда Новак Ѓоковиќ во Рим со резултат 2:1, во сетови 2:6, 6:2 и 6:4.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Веднаш по завршувањето на мечот во Рим, Ѓоковиќ пристапи до мрежата за да го поздрави Прижмиќ и му упати зборови кои младиот тенисер ќе ги запамети засекогаш.

“Браво брате,” му рече Ѓоковиќ на хрватскиот тенисер по што се испочитуваа срдачно.

Инаку, Прижмиќ е првиот хрватски играч во историјата кој го победил Ѓоковиќ на земјена подлога, што едноставно кажува за големината на овој успех. Исто така, тој стана најнизок рангиран тенисер кој го елиминирал Ѓоковиќ на турнир на земјена подлога од времето на Мартин Клизан во 2018 година.

Во второто коло, Прижмиќ ќе се соочи со Французинот Уго Умбер кој во два сета го победи Чехот Вит Коприва.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ елиминиран од Прижмиќ на почетокот на мастерсот во Рим

Новак Ѓоковиќ беше елиминиран од Дино Прижмиќ со 1-2 во сетови (6-2, 2-6, 4-6) на стартот …