
Алиша Леман, која има 27 години, ја доби титулата за најдобра фудбалерка на сезоната во Лестер, иако започна само пет натпревари и постигна еден гол цела сезона.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Таа е најголемата ѕвезда во женскиот фудбал, често и нарекувана за најсекси фудбалерката во светот, која доби огромна поддршка од фановите и беше избрана за најдобра играчка на сезоната во Лестер.
Немаше да биде толку необично ако таа не беше напаѓачка која за цела сезона успеала да постигне само еден гол. Од моментот кога пристигна во јануари, како стартер одигра само пет натпревари за новиот клуб.
🚨 𝗢𝗙𝗙𝗜𝗖𝗜𝗔𝗟: Alisha Lehmann won Leicester City’s Fans’ Player of the Season and Goal of the Season.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) May 8, 2026
However…
She played 415 minutes and scored just 1 goal all season.
(Source: @LCFC_Women) pic.twitter.com/Nt4Bf3KuJY
Швајцарската ѕвезда постигнала само еден гол во деветте настапи во женската Премиер лига, што не беше доволно за да избегнат испаѓање од лигата.
Иако го загубила секој натпревар што го одиграла со Лестер, фановите сепак ја прогласиле за најдобра.
Таа ја освои и наградата за најдобар женски гол на сезоната во клубот за својот единствен погодок против нејзиниот поранешен клуб Астон Вила во март. Вкупно, откако пристигна во тимот, играше само 415 минути.
Иако спортските резултати не се во нејзина корист, за 27-годишната Швајцарка очигледно нивната популарност на социјалните мрежи имала клучна улога.