
Во Реал Мадрид во последниот период како да има се повеќе проблеми. По гласините за тензиите меѓу играчите, инцидентот меѓу Рудигер и Карерас и зголемениот притисок врз Алваро Арбелоа, од Шпанија доаѓаат нови вознемирувачки вести.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Новинарот Роберто Моралес на COPE соопшти дека родителите на двајца фудбалери директно се јавиле кај Флорентино Перез бидејќи нивните синови не добиле шанса да играат.
„Соблекувална полна со привилегии“
Моралес детално говореше за ситуацијата во соблекувалната на Реал, нагласувајќи дека состојбата е речиси неиздржлива.
‘Проблеми во соблекувалната на Реал? Ниту ја спомнавме ситуацијата кога Феде Валверде изјави дека не сака да игра десен бек, бидејќи заслужил место во средината, и не е тука за да игра на десната страна. Не ги видовме ни случаите кога важни играчи беа на клупата, а нивните семејства ги занемаруваа правилата и директно се обраќаа на Флорентино Перез. Тоа е соблекувална со премногу привилегии’, рече Моралес.
Потоа, откри и за кои играчи станува збор.
‘На Флорентино Перез му се јавија родителите на двајца фудбалери: На еден шпански репрезентативец и еден англиски репрезентативец, дефанзивецот и играчот од средината – Хујсен и Белингам,’ додаде тој.
Реал бара лидер со цврста рака
Ако овие изјави се точни, проблемите во Реал се многу подлабоки од само слаби резултати. Клубот има огромен талент, но очигледно е дека недостасува систем на хиерархија.
Затоа, сè почесто се споменува враќањето на Жозе Мурињо. Во Мадрид веруваат дека тој би можел да воспостави ред, да ги смири најголемите егоа и повторно да ја врати авторитетноста во соблекувалната.
Реал се подготвува за големи промени ова лето. Промени се неизбежни и по ваквите информации станува јасно дека ситуацијата е многу повеќе од само трансфери и тренерски решенија. Станува збор за битка за контрола над соблекувалната.