Дома Фудбал Taжен крај: Поранешен фудбалер на Борусија и Баерн ја завршува кариерата на 30 години

Taжен крај: Поранешен фудбалер на Борусија и Баерн ја завршува кариерата на 30 години

Поранешниот германски репрезентативец и ѕвезда на Баерн Минхен, Никлас Зуле, објави дека ќе ја заврши својата професионална кариера по сезоната 2025/26 на возраст од само 30 години, главно поради честите повреди кои го следеа.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Овој германски дефанзивец настапи на вкупно 299 натпревари во Бундеслигата, играјќи за Борусија Дортмунд, Баерн Минхен и Хофенхајм, освојувајќи пет титули во германското првенство, два Купа на Германија, како и историската тројна круна со Баерн во 2020 година.

На меѓународната сцена одигра 49 натпревари за Германија и се закити со трофејот од Купот на конфедерации во 2017 година.

“Сакам да објавам дека ова лето ќе ја завршам кариерата,” кусо изјави Зуле, кој во моментов е отсуствува поради повреда.

Дефанзивецот на Борусија Дортмунд најави повлекување од професионалниот фудбал, откако ќе му истече договорот на крајот од сезоната.

По здобивањето со повреда на коленото за време на натпреварот против Хофенхајм, Зуле објасни дека токму оваа несреќа го натерала да ја заврши кариерата.

Стравувајќи од повторно кинење на лигаментите, стоперат призна дека доживеал тежок емоционален период пред да дознае дека повредата е помалку сериозна отколку што претходно се стравуваше.

Во последните две сезони пропушти дури 41 натпревар поради различни повреди, при што најголеми проблеми му задаваа лигаментите на коленото. Во сезоната 2019/2020 пропушти дури 37 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еден куп голови во полуфиналето: Астон вила и Фрајбург ќе се борат за титулата во Лига Европа (Видео)

Англискиот премиерлигаш Астон Вила и германскиот состав Фрајбург ќе се борат за трофејот в…