
Тешката сезона на Реал Мадрид продолжува со нови проблеми на нејзиниот крај. По долгата трофејна пауза и предвремено исфрлање од трката за сите титули, низата повреди на клучните играчи, последниот скандал го вклучува конфликт на Антонио Рудигер со десет години помладиот Алваро Карерас, како и сведоштвата дека тимот има проблеми со најдобриот стрелец и првата ѕвезда Килијан Мбапе.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Свежи информации пристигнуваат за судир меѓу тренерот Алваро Арбелоа и неколку од неговите играчи. Првиот што беше познат е конфликтот со Дани Себаљос. Чашата се прели по непријатната средба на тренинг-кампот Валдебебас пред десет дена, средба која ја иницираше самиот Себаљос. По разговорот, Себаљос се врати меѓу своите соиграчи и соопшти дека побарал од тренерот да го отстрани од тимот.
Тој како причина наведе лично несогласување, додавајќи дека повеќе не очекува да биде повикан за натпреварите. “Побарав од Арбелоа да не ми се обраќа повеќе”, изјавил Себаљос на соиграчите. Исто така, истакна дека не сака ова да ја засегне останата екипа, на која и’ искажа почит.
Арбелоа знаеше дека на прес-конференцијата минатата недела ќе добие прашање за конфликтот со Себаљос, па уште на почетокот изјави: “Не се вклучувам јавно во расправи за ситуации со моите играчи. Како прво, што научив при пристигнувањето во Реал пред 20 години е дека што се случува во соблекувалната на Реал Мадрид, останува во соблекувалната на Реал Мадрид.”
Но, ова се покажа само како добро спакувана фраза. Според информациите од Maрка, во така наречената непробојна соблекувална се појави нов скандал: “Шест играчи одбиваат да разговараат со Арбелоа. Нема никаква комуникација меѓу нив и тренерот.”