Дома Фудбал Паднатиот гигант во 2023 година го одби Луис Енрике: Ти не си доволно добар

Паднатиот гигант во 2023 година го одби Луис Енрике: Ти не си доволно добар

Луис Енрике прави чуда со ПСЖ. Минатата сезона го однесе францускиот шампион до титулата во Лигата на шампионите, а оваа година ќе има шанса да го одбрани насловот во финалето против Арсенал. Сè можеше да биде поинаку ако во 2023 година раководството на Челси речеше ‘да’ за ангажманот на феноменалниот стручњак. Сепак, тие го одбија, кажувајќи дека не е доволно добар за таа работа.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Доведувањето на Луис Енрике на местото на тренер беше најдобриот потег на ПСЖ. Феноменалниот шпански стручњак ги однесе Паризјаните до сонот, титулата во Лигата на шампионите, а оваа сезона ќе го брани тој трофеј во финалето против Арсенал.

Светот на фудбалот се восхитува на генијалните потези на 56-годишниот стручњак кој од 2023 година е на клупата на ПСЖ. Доаѓа во Париз откако беше сурово одбиен во Лондон – каде што планираше да го преземе Челси.

Шпанецот замина на состанок, изработи фантастична презентација, но, доби негативен одговор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Правилата се јасни: Еве зошто Баерн вчера не доби пенал

По натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампионите меѓу Баерн и Пари Сен Жермен, полем…