Дома Фудбал Луис Енрике: Баерн игра фудбал на највисоко ниво. Беше навистина тешко

Луис Енрике: Баерн игра фудбал на највисоко ниво. Беше навистина тешко

ПСЖ се пласираше во финалето на Лигата на шампионите откако го победи Баерн во двомеч со вкупен резултат 6:5. Парижаните триумфираа во првиот натпревар со 5:4, а синоќа во Минхен натпреварот заврши нерешено 1:1. Усман Дембеле стрелаше за Французите, додека Хари Кејн го постигна голот за Германците. Натпреварот го коментираше тренерот на ПСЖ, Луис Енрике.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


“Во одбраната бевме подобри отколку во нападот. Покажавме карактер против тим како што е Баерн. Радосни сме што втора година по ред сме во финалето на Лигата на шампионите. Беше многу интензивно и навистина тешко. Баерн игра фудбал на највисоко ниво. Нашите два тима се слични, сакаме да пресингуваме високо. Многу сме задоволни. Посакуваме да им ја донесеме на нашите навивачи титулата во Лигата на шампионите”, изјави тој.

ПСЖ е актуелен шампион на Европа и титулата ќе ја брани против Арсенал, кој ја обезбеди финалето во вторникот. ПСЖ и Арсенал ќе се судрат во Будимпешта во сабота, на 30 мај, во невообичаен термин од 18 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Луис Енрике е генијалец: Со неверојатен потег ја уништи ноќта на ѕвездата на Баерн

ПСЖ изгледаше моќно во реванш дуелот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Баерн …