Дома Останати Кошарка Легенда жестоко удри по Дончиќ: Те плаќаат 50 милиони долари, издржи и играј!

Легенда жестоко удри по Дончиќ: Те плаќаат 50 милиони долари, издржи и играј!

Ситуацијата кај Лос Анџелес Лејкерси е на раб на паника откако во првата средба од полуфиналето на Западната конференција беа убедливо поразени од Оклахома Сити Тандер со 108:90. Лука Дончиќ се најде на удар на критики откако повторно не настапи поради повреда, што предизвика бурни реакции во американската јавност.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Словенечката ѕвезда се бори со повреда на задната ложа од втор степен уште од 2 април. И покрај надежите за брзо заздравување, ја пропушти целата прва рунда, но сега против Оклахома која е посериозен противник се чувствува неговото отсуство.

Меѓу најгласните критичари се истакна легендарниот борач Рик Флер, кој преку социјалната мрежа X испрати остро предупредување до Дончиќ.

“Лука, те молам, влези на терен! Земи кортизонски инјекција и издржи ја болката! Те плаќаат 50 милиони годишно, а не играш! Што е ова?! Се надевам дека Џини Бус ќе те размени следната година. Никој не сака играч на кој не може да смета!” напиша Флер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Maкедонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс ќе игра во Шпанија!

По неуспешната авантура во Панатинаикос, македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс наскоро…