Дома Фудбал Артета објави две одлични вести пред реваншот со Атлетико Мадрид

Артета објави две одлични вести пред реваншот со Атлетико Мадрид

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, денес потврди дека ќе може да смета на двајца опоравени играчи за реваншот против Атлетико Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанецот на прес-конференција за медиумите откри дека и Кај Хаверц и Мартин Одегард се во конкуренција за составот против Атлетико Мадрид. Хаверц го прескокна првиот дуел во Мадрид поради полесна повреда, а истата ја заработи во тој натпревар и Одегард кој не настапи против Фулам.

„Да, Хаверц и Одегард ќе бидат во составот. Ни се потребни сите можности, ова се навистина две одлични вести за нас, бидејќи мораме да бидеме подготвени на сè и да ја имаме целата расположлива сила“, рече Артета.

За Артета исто така одлична вест е што Букајо Сака конечно може да го започне мечот, што сигурно и ќе биде случај.

Натпреварот Арсенал – Атлетико Мадрид е на програмата во вторник во 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се подготвува еден од најголемите трансфери досега? ПСЖ бара 170 милиони евра за ѕвездата

Ливерпул испрати понуда вредна повеќе од 100 милиони евра за крилниот напаѓач на Пари Сен-…