
На стадионот Хил Дикинсон, МАНЧЕСТЕР СИТИ и ЕВЕРТОН одиграа нерешено 3:3 во рамки на 35. коло од Премиер лигата. Манчестер загуби значајни два бода во трката против Арсенал за првото место. Џереми Докy го доведе Сити во водство во 43. минута, но во второто полувреме ситуацијата се промени.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Головите можете да ги погледнете ОВДЕ.
“Првото полувреме беше навистина добро”
Пеп Гвардиола го коментираше натпреварот: Првото полувреме го одигравме навистина добро. Во второто, противникот ја зголеми својата играчка форма. Ним им подаривме гол, но потоа играта се преобрази во вистински англиски натпревар, со многу агресивност во дуелите. Сепак, во целина игравме многу добро”, изјави тој и додаде:
Ќе се бориме додека не заврши сè. Натпреварите на гостински терен против Евертон секогаш се тешки. Сега нашата судбина повеќе не е во наши раце. Имаме уште четири натпревари и ќе видиме што ќе се случи”, заврши тој.
Ова беше голем неуспех за Сити, кој сега има пет бода помалку од Арсенал со еден натпревар помалку. Арсенал ja искористи оваа ситуација на Манчестер и сега три натпревари пред крајот држи сè во свои раце.