Светскиот шампион во Формула 1, возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон оствари најдобро време на денешниот втор тренинг во пресрет на трката за ГН на Абу Даби.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Хамилтон оствари време од една минута и 37,877 секунди, односно беше за 0,149 секунди побрз од возачот на Ферари, Себастијан Фетел.
„Релативно сме блиску и тоа ми се допаѓа. Беше ова добар петок, но среќен сум што е последен во оваа сезона“, истакна Хамилтон.
Трето време имаше возачот на Ред Бул, Данијел Рикиардо.
Третиот тренинг е на програмата утре од 11:00 часот, додека од 14:00 ќе се возат квалификациите.
Последната трка во овогодинешниот шампионат стартува во недела од 14:00 часот.