Дома Фудбал Реал посакува да го врати Зидан!

Реал посакува да го врати Зидан!

Францускиот тренер беше во контакт со „кралскиот клуб“ за евентуално враќање по заминувањето на Чаби Алонсо, но во меѓувреме веќе беше постигнат договор да стане наследник на Дидие Дешан на кормилото на француската репрезентација.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Телефонскиот разговор во декември можеше значително да влијае на актуелната и идната насока на Реал Мадрид. Сепак, тоа не се реализираше поради одлуката на Зинедин Зидан.

Како што известува „Ас“, раководството на мадридскиот клуб тогаш влезе во контакт со францускиот стручњак за можноста за повторно ангажирање, но Зидан остана доследен на веќе преземената обврска кон француската репрезентација, кои ја ценеше повеќе и не сакаше да ја загрози.

Во тој период заминувањето на Чаби Алонсо се сметаше за речиси сигурно. Сепак, проблемот со наоѓање соодветна замена доведе до тоа клубот да го продолжи неговиот престој на кормилото, што му овозможи на поранешниот тренер на Баер Леверкузен да го води тимот на Суперкупот на Шпанија во Саудиска Арабија, иако малкумина веруваа дека може да ја промени ситуацијата.

Конечно, донесена е одлука тимот да го преземе Арбелоа, кој би требало да остане до крајот на сезоната, а како потенцијален наследник веќе се спомнува Жозе Мурињо од Бенфика.

Со тоа, Зидан имаше можност да започне трет мандат на кормилото на првиот тим на Реал Мадрид, но претходно преземени обврски кон француската репрезентација спречија каква и да било можност да се врати во Валдебебас.

Зидан е надвор од кормилото од 2021 година, кога го заврши својот втор мандат во Реал Мадрид, а односот меѓу него и клубот со текот на времето се стабилизираше и стана коректен.

Тие повторно се сретнаа за време на церемонијата за доделување на Златната топка на Карим Бензема, што истовремено служеше и како можност да се разјаснат недоразбирањата кои останале од неговата последна сезона во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФФМ ја прекина соработката со Ванче Шиков и Љупчо Трајковски!

Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за кадровски промени, откако ги раскина…