Дома Фудбал На Алекс Фергусон му се слоши на “Олд Трафорд”, го однесоа со брза помош

На Алекс Фергусон му се слоши на “Олд Трафорд”, го однесоа со брза помош

Легендарниот поранешен менаџер на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон, бил пренесен во болница попладнево. Тој бил на „Олд Трафорд“ за дербито против Ливерпул, но се почувствувал лошо, поради што бил качен во брза помош околу еден час пред почетокот на натпреварот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според информациите од „Скај Спортс“, 84-годишниот Шкот е свесен и му се направени тестови.

Алекс, најуспешниот менаџер во историјата на клубот, редовно ги посетува натпреварите на Јунајтед и дома, и на гости. Во 2018 година, тој имаше мозочен удар, од кој се опорави по операција. Нема индикации дека сегашниот инцидент е поврзан со тоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бојкот: Соиграчите не го поддржуваат Кристијано Роналдо?! Исплива снимка кој открива сè (Видео)

Португалија на почетокот на Светското првенство се соочи со неочекуван застој против ДР Ко…