Дома Фудбал Вардар ита кон титулата, сега само чудо може да го спречи! (Видео)

Вардар ита кон титулата, сега само чудо може да го спречи! (Видео)

Фудбалерите на Вардар максимално го искористија киксот на Шкендија, која не успеа да слави во Кратово против Силекс, па со сигурна победа од 2-0 над Башкими направија крупен исчекор кон шампионската титула.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Дуелот одигран во Гостивар беше решен уште во првото полувреме, кога „црвено-црните“ ги постигнаа двата погодока.

Резултатот го отвори Закариќ, кој по одлично нафрлување прецизно реагираше со глава и ја испрати топката во мрежата за водство од 1-0. Во текот на првото полувреме имаше и краток прекин откако навивач од домашниот табор падна од трибините.

Набргу по продолжението, Бобан Николов го постигна вториот гол, со што го постави и конечниот резултат на средбата.

Со новите три бода, Вардар на три кола до крајот стигна до 74 бода, односно има предност од шест бода во однос на Шкендија – разлика која тешко дека ќе ја испушти во финишот од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се пласираа само во плеј-оф, а славеа како веќе да се во Премиер лигата (Видео)

Фудбалерите на Хал успеаја да го обезбедат своето место во плејофот на Чемпионшипот, каде …