
Дани Карвахал заработи повреда на стапалото поради што мора повторно да паузира и се поставува големо прашање дали и како ќе се прости од Реал Мадрид.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Карвахал е во немилост на Алваро Арбелоа, кој целосно го турка во втор план откако капитенот се опорави од повредата. Поточно, откако Трент е во форма и физички подготвен, е првиот избор на позицијата десен бек, па Карвахал остана во втор план поради што се судри и со тренерот Алваро Арбелоа.
Поради немање минутажа во Реал Мадрид, Карвахал како досега незаменлив капитен на шпанската репрезентација, исто така падна во втор план. Луис Де Ла Фуенте за позицијата десен бек смета на Педро Поро и Маркос Љоренте, а шанса доби и Оскар Мингеза од Селта.
Карвахал би можел поради новата повреда да го доведе и својот крај со Реал Мадрид, како и настап на Светското првенство.