
Американскиот претседател Доналд Трамп во разговор со новинарите изјави дека е “во ред” репрезентацијата на Иран да игра на Светското првенство во фудбал, кое ќе се одржи во јуни и јули во Северна Америка.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Оваа изјава следеше откако претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, најави дека Иран ќе биде присутен на турнирот и ќе игра во Соединетите Американски Држави, пренесува Ројтерс.
„Ако Џани рече така, тогаш е тоа во ред. Знаете што? Нека играат“, изјави Трамп пред новинарите во Овалната канцеларија.
Британските медиуми претходно објавија дека учеството на репрезентацијата на Иран на Светското првенство е неизвесно поради конфликтот со САД и Израел.
Паоло Замполи, специјалниот пратеник на американскиот претседател, за „Фајненшел тајмс“ изјави дека предложил на Трамп и на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, репрезентацијата на Италија да го замени Иран на Светското првенство, пренесе БиБиСи.