Дома Фудбал Луис Енрике за критиките по 5:4: Тоа се проклети мислења

Луис Енрике за критиките по 5:4: Тоа се проклети мислења

Главниот тренер на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, кој е близу до тоа да го доведе својот тим до второто по ред финале во Лигата на Шампионите, го опиша резултатот 5:4 против Баерн (Минхен) во полуфиналето во вторникот како „чудо“. Шпанецот, сепак, не ги прифаќа критиките во врска со многуте примени голови во резултатската средба.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


„Како и во животот, мислења има насекаде – започна Енрике. – Не мислам дека е важно да се почитуваат сите мислења, затоа што ако едно мислење е проклето, нема причина да го почитуваш… Има луѓе кои сакаат ваков фудбал – тие се мнозинство, и јас сум еден од нив. Но на некои не им се допаѓа. Сметам дека докажавме дека повеќето луѓе уживаа во натпреварот, а тоа е најважно.”

„Баерн е најсилниот противник на кого сум се соочил со ПСЖ. Но какво ниво прикажаа и двата тима, какво е нивото на напаѓачите!? Резултатот 5:4 може да изгледа катастрофален за одбраните, но ние сме два од најдобрите тимови во одбрана, заедно со Арсенал. Едноставно, беше еден поинаков натпревар,“ изјави поранешниот селектор на Шпанија.

„За мене ова е уникатен фудбалски натпревар. Ако обично одвојувам по три часа за анализа, овој пат за ПСЖ – Баерн ми беа потребни пет часа. Имаше неверојатни потези, како во напад така и во одбрана, од страна на Баерн. Немаше ниту една одбранбена грешка, што го направи овој натпревар величествен. Погледнете само како се бранеа Кејн и Дембеле! Неверојатно! Треба да ги пофалиме и двата тима и да уживаме во дуелот,“ восхитен е Енрике.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Конечно се огласи Жозе Мурињо и зборуваше за враќањето во Реал Мадрид: “Навикнати сме на тие работи”

Се шпекулира со многу имиња, а евидентно е дека по летото Алваро Арбелоа нема да седи на к…