
Атлетико Мадрид и Арсенал завршија 1:1 во првиот меч од полуфиналето на Лигата на шампионите. По овој резултат, тимот на Микел Артета е во малку подобра позиција, бидејќи реваншот е во Лондон.
Лондончани поведоа малку пред паузата, кога Виктор Ѓокереш постигна гол од пенал, досуден за прекршок против него. “Јорганџиите” доминираа во второто полувреме.
Хулиан Алварез израмни од пенал во 56-та минута. Антоан Гризман го погоди стативот, а Адемола Лукман имаше две промашувања. “Топџиите” добија втор пенал, но тој беше откажан по разгледување на ситуацијата.