Дома Фудбал Уште ги боли неговото заминување: Реал сака да го врати Тони Крос!

Уште ги боли неговото заминување: Реал сака да го врати Тони Крос!

Шпанскиот гигант размислува за враќање на легендарниот германски играч за врска.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Доколку повторно дојде на местото на успехот, еден од најдобрите фудбалери на неговата генерација би имал улога во стручниот штаб. За оваа идеја се дискутира внатрешно во „кралскиот клуб“, но директен контакт со поранешниот играч сè уште не е остварен.

Освојувач на дури 34 трофеи од стадион „Сантијаго Бернабеу“ замина во 2024 година, по десет години поминати во Мадрид – и тоа со стил. Ја подигна Кралската купа, Примерата и Лигата на шампионите, и ја напушти сцената со трета титула. Спектакуларно, во манирот на неговата играчка генијалност.

Со „лос бланкос“ освои пет титули на „големиот ушат“, пет светски клупски првенства, четири шпански суперкупови, четири првенства и три европски суперкупови. Токму таквиот педигре може да биде од клучно значење во смирување на многуте примадони кои ја „загадуваат“ соблекувалната на Реал, што би го ослободило полниот потенцијал на тимот исполнет со извонредни играчи.

По стандардите на мадриѓаните, зад нив е многу неуспешна сезона. Втора година по ред ќе завршат зад Барселона во лигата, а токму најголемиот ривал ги порази во финалето на Суперкупот. Во четвртфиналето на Лигата на шампионите ги елиминираше Баерн, додека во осминафиналето на шпанскиот куп шокантно испаднаа од второлигашот Албасете.

Без титули, без систем и без реномиран тренер – Чаби Алонсо доби неочекуван отпуст по само седум месеци на клупата, а го наследи очигледно недораснатиот Алваро Арбелоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еден од најдобрите во светот нема да игра на вториот натпревар Баерн – ПСЖ?!

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ПСЖ и Баерн им понудија …