Дома Фудбал Ван Дајк: Би било голем удар за Ливерпул ако Алисон си замине

Ван Дајк: Би било голем удар за Ливерпул ако Алисон си замине

Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, ја коментира можноста Алисон Бекер да го напушти Ливерпул ова лето.

Во последните денови се појавија информации за сериозен интерес од страна на Јувентус кон голманот, иако неодамна Мерсисајдците ја активираа опцијата за продолжување на договорот со Бразилецот, според која тој е обврзан со клубот до крајот на следната сезона.

“Секој може да има своја мислење по тоа прашање. Постојат гласини, но ако има нешто конкретно, сите ќе дознаеме. Јас, сепак, никогаш не се грижам”, започна Ван Дајк.

“Видете, секогаш ќе дојде ден кога секој – вклучително и јас – ќе си замине. Но, ако тоа се случи – а јас немам поим и не мислам дека во овој момент и тој (Алисон – бел.ред.) има – тогаш ние, како клуб, ќе се адаптираме на тоа.

Поминавме низ сè заедно, низ позитивни работи, а за жал и низ некои негативни, така што дефинитивно ќе биде голем удар и загуба, но не мислам дека е добра идеја да размислувам однапред што може или не може да се случи.

Алисон е многу важен за мене како еден од лидерите во тимот и мислам дека е многу важен на теренот, бидејќи според мене е еден од најдобрите – по мое мислење најдобриот – голман во светот. Тој се обидува да се врати во играта што е можно поскоро, за да ни помогне во последните четири натпревари, и тоа е нашиот главен фокус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатен потег на Клоп, објави два состави на Германија

Јирген Клоп направи невообичаен потег уште на неговиот прв собир откако стана селектор на …