Дома Фудбал ПСЖ му даде пет голови на Баерн, а денеска бара нов напаѓач!?

ПСЖ му даде пет голови на Баерн, а денеска бара нов напаѓач!?

Актуелната сезона се ближи кон својот крај, а со тоа и летниот трансфер период, па шпекулациите брзо се шират без оглед на важните натпревари на поединечни клубови.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Париз Сент Жермен сè уште не ја „завери“ титулата шампион на Франција, но на добар пат се да стигнат до второто по ред финале на Лигата на шампионите откако во првиот полуфинален натпревар синоќа го совладаа Баерн од Минхен со 5:4.

Уште еднаш демонстрираа дека имаат еден од најдобрите, ако не и најдобриот напад во светот со Хвича Кварачелија, Усман Дембеле и Дезире Дуе, но тука е и Бредли Баркола, како и Гонзало Рамош и други… 

Сепак, тоа не ги спречува да гледаат кон нови имиња. Последните месеци од „Паркот на Принцевите“ се испраќаат сигнали кон кнежевството, односно Магнес Аклиуш. Францускиот крилен фудбалер високо е на листата на желби на Луис Кампос и Луис Енрике, а и тој е јасен: ПСЖ му е приоритет, јавува Скај Спорт.

Во Монако се свесни дека некој од младите ѕвезди ќе мора да го напушти клубот и дека дојде време Магнес Аклиуш да направи поголем чекор, па се бара наследник, и во академијата и надвор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сепак уште ќе го гледаме Салах во дресот на Ливерпул

Вест која ги израдува сите навивачи на Ливерпул – Мо Салах сепак не е потешко повред…