Дома Фудбал Пеп Гвардиола изненади: Наместо Лигата на шампионите, го следеше мечот на англиската трета лига!

Пеп Гвардиола изненади: Наместо Лигата на шампионите, го следеше мечот на англиската трета лига!

Додека во спектакуларно полуфинале на Лигата на шампионите, фудбалерите на Пари Сен Жермен и Баерн Минхен покажаа дека фудбалот живее и сè уште нуди повеќе голови, светот го обиколи една прилично необична слика. Во ноќта кога рекордите беа соборувани и целата планета со задржан здив ги следеше неверојатните 5:4, тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, го избра – натпреварот од третата англиска лига!

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Како потсетник, „Светците“ и Баварците на сите љубители на фудбалот им приредија вистински спектакл. Пари Сен Жермен славеше со 5:4 по феноменална головска престрелка. За домаќините два пати прецизни беа Хвича Кварачелија и Усман Дембеле, додека еден гол постигна Жоао Невеш. Од друга страна, за гостите од Минхен стрелаа Хари Кејн, Мајкл Олисе, Дајо Упамекано и Луис Диаз. Тоа беше вистински фудбалски рокенрол кој најавува одличен реванш на 6 мај на „Алијанц Арена“.

Додека светската публика го следеше секој момент од париската фудбалска лудост, камерите го забележаа стратегот на Манчестер Сити на неочекувана локација. Гвардиола се најде на трибините, гледајќи го натпреварот од англиската Лига 1 помеѓу Стокпорт и Порт Вејл!

Камерите го уловија шпанскиот тренер за време на полувремето од мечот во кој имаше, да бидеме искрени, голови, но на километри далеку од гламурот на Лигата на шампионите. Неговиот „избран“ натпревар заврши со триумф на гостите, Порт Вејл, од 2:1. Што точно еден од најдобрите тренери во историјата на фудбалот бараше на натпреварот на третиолигаши, останува мистерија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Витиња застана пред камерите, телефонот не престануваше да ѕвони, па откри кој го бара упорно (Фото)

Паметен натпревар вчеравечер одиграа ПСЖ и Бајерн во полуфиналето од Лигата на шампионите …