Дома Фудбал Официјално: Фудбалерот кој одигра 293 натпревари за Сити си заминува по една деценија!

Официјално: Фудбалерот кој одигра 293 натпревари за Сити си заминува по една деценија!

Тимот на Maнчестер сити кој доминираше на англиската и европската фудбалска сцена последниве години, претрпе сериозни промени во текот на минатите трансфер-периоди, а денес беше објавено дека наредното лето тимот ќе го напушти уште еден староседелец.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По најавата за заминување на Бернардо Силва и откако бројни легенди веќе го напуштија клубот, кои во изминатите години донесоа многу трофеи на Етихад, и Џон Стоунс ќе стане поранешен Граѓанин.

Стоунс, кој одигра 293 натпревари и постигна 19 голови како стопер за Сиити во период од десет години, ќе го напушти клубот налето, оставајќи зад себе импресивен број освоени трофеи.

Стоунс беше дел од освојувањето на шест шампионски титули на Англија и една во Лигата на шампионите. Тој исто така го подигна и светското клупско првенство на ФИФА, Суперкупот на Европа, два трофеи во ФА Купот и пет трофеи во Лига купот на Англија.

Со својата 31 година, извесно е дека Стоунс ќе остане во Англија, а се спомнува можноста за продолжување на кариерата во Евертон, клубот од каде што пристигна во Сити во 2016 година, со трансфер вреден 55 милиони евра.

Претходно беше дел од Барнсли, каде што и започна неговата кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА исфрли азиска репрезентација од сите натпреварувања!

Во периодот на Светското првенство што се одржува во САД, Мексико и Канада, ФИФА донесе ед…