Дома Фудбал Tажен крај: Салах веќе нема да игра за Ливерпул!

Tажен крај: Салах веќе нема да игра за Ливерпул!

Директорот на фудбалската репрезентација на Египет ја потврди шпекулацијата што кружеше во саботата попладне – Мохамед Салах го одигра својот последен натпревар за Ливерпул.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Иако Ливерпул сè уште не се огласил официјално за повредата на Салах од натпреварот против Кристал Палас (3:1), индициите по завршувањето на мечот беа дека тоа е последниот настап на египетскиот ас за тимот од Енфилд.

„Кога Салах ќе побара да го напушти теренот, тоа многу кажува. Останува само да се чека и да се види колку е сериозно“, изјави Арне Слот после натпреварот.

Репрезентацијата на Египет извести дека Салах заработил повреда на тетивата на коленото, што значи дека неговата сезона е завршена.

„Заработи руптура на тетивата на коленото и ќе му требаат четири недели за опоравување“, изјави директорот на египетската фудбалска репрезентација Ибрахим Хасан за Ројтерс.

Ова значи дека Салах нема да може да се прости со навивачите којтолку многу го радувал со своите игри, но капетанот Вирџил ван Дајк најави дека клубот ќе му приреди достоен испраќај.

Ливерпул го чекаат уште четири натпревари до крајот на сезоната – гостување кај Манчестер Јунајтед, меч со Челси на домашен терен, гостување кај Астон Вила и дуел со Брентфорд на Енфилд, што ќе биде последниот Салахов настап на овој стадион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Карвахал од клупата исмева ѕвезда на Реал Мадрид среде натпревар (Видео)

Проблемите во Реал не стивнуваат, а по новиот кикс во првенството против Бетис, со кој оди…