Дома Фудбал Карвахал од клупата исмева ѕвезда на Реал Мадрид среде натпревар (Видео)

Карвахал од клупата исмева ѕвезда на Реал Мадрид среде натпревар (Видео)

Проблемите во Реал не стивнуваат, а по новиот кикс во првенството против Бетис, со кој одиграа 1:1, се појави нова ситуација која дополнително ја вознемири јавноста и ги покрена приказните за нарушени односи во соблекувалната.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


На социјалните мрежи се рашири видео од клупата на кое се гледа како Дани Карвахал го исмева Трент Александер-Арнолд за бавното враќање во одбраната. Снимката брзо предизвика бројни реакции и повторно го отвори прашањето за атмосферите кои владеат во тимот.

Александер-Арнолд не е познат по врвна дефанзива и голема посветеност на одбраната низ кариерата, за разлика од Карвахал, кој е една од легендите на Реал. Поради тоа, 34-годишниот Шпанец, низ исмевање, му замерува на седум години помладиот Англичанец на недостатокот од придонес.

Погледнете го видеото овде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Стивен Џерард се враќа во англискиот фудбал!

Легендата на Ливерпул, Стивен Џерард, нема ангажман откако беше сменет од позицијата трене…