Дома Фудбал Крај на сезоната за Модриќ: Хрватот мораше итно да се оперира

Крај на сезоната за Модриќ: Хрватот мораше итно да се оперира

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација, Лука Модриќ, беше подложен на оперативен зафат на левата јаболчна коска која беше повредена во воздушен дуел со играчот на Јувентус, Мануел Локатели, за време на првенствениот натпревар од 34. коло на Серија А во Милано.

По натпреварот, Модриќ направи неопходни прегледи по кои беше утврдена фрактура на левата јаболчна коска која успешно беше санирана во понеделник со оперативен зафат. Медицинската служба на хрватската репрезентација од првиот момент е во постојан контакт со лекарите на Милано и капитенот на „коцкестите“, како и со стручниот штаб предводен од селекторот Златко Далиќ.

„Во постојани контакти сме со медицинската служба на Милано и во координација со нив и со договор со Лука внимателно ќе го следиме текот на неговото опоравување, а според досегашните искуства со вакви повреди, веруваме дека капитенот ќе биде спремен за настап на претстојното Светско првенство“, изјави лекарот на репрезентацијата д-р Томислав Влаховиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Историска победа за Комо, убедливи триумфи на Јунајтед и Баерн, и неверојатен пресврт на Ланс

Вечерта низ Европа беше динамична со четири натпревари од првото коло на групната фаза на …