Дома Фудбал Останато Спектаклот закажан: УФЦ го потврди датумот на кој доаѓа во Белград!

Спектаклот закажан: УФЦ го потврди датумот на кој доаѓа во Белград!

По месеци на шпекулации, стигна официјалната потврда – УФЦ пристигнува во Белград. Најсилната светска организација за мешани боречки вештини ќе го одржи својот настан на 1 август оваа година во Белградската арена. Веста беше потврдена и на официјалниот X профил на УФЦ, каде што порачаа: “Србијо, доаѓаме! Октагонот за првпат ќе слета во Белград на 1 август!”.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ова ќе биде значајно враќање на УФЦ во регионот, по последното гостување во Загреб во 2016 година. Настанот го најави и претседателот и извршниот директор на УФЦ, Дана Вајт. “Отсекогаш сакав да го носам УФЦ во секој агол од светот, а Србија е нашата следна станица. Ќе приредиме борби од највисок калибар! Ќе се видиме таму”, изјави Вајт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Страшна сцена: Малку фалеше за трагедија на Тур де Франс (Видео)

Сеп Кус, велосипедист од САД, водеше во завршницата на 20. етапа од Тур д’Франс, наречена …