
Реал Мадрид денеска објави официјален медицински извештај за францускиот напаѓач Килијан Мбапе, кој беше принуден да го напушти теренот на крајот од натпреварот против Бетис минатиот петок.
Да се потсетиме, тој натпревар заврши со нерешен резултат 1:1.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
“По прегледите што денеска ги направија медицинските служби на Реал Мадрид врз нашиот играч Килијан Мбапе, му беше дијагностицирана повреда на семитендозус мускулот на левата нога. Времето на опоравување ќе зависи од понатамошниот развој на ситуацијата,” стои во медицинскиот извештај.
Францускиот напаѓач сигурно ќе го пропушти натпреварот против Еспањол во следното коло, а според Марка, клубот ќе направи сè што може за да се опорави до 10 мај, кога на Камп Ноу се игра големото дерби (Ел Класико) против Барселона.
Инаку, Барселона е на врвот во Ла Лига со 85 бодови, што е 11 повеќе од второпласираниот Реал.
Екипата на Ханси Флик би можела да стане ново/стар шампион во следното коло ако успее да триумфира на гостувањето против Осасуна, додека Реал не забележи победа против Еспањол.