Дома Фудбал Останато Мајкл Овен има ново хоби и веќе освојува медали!

Мајкл Овен има ново хоби и веќе освојува медали!

Прославениот англиски фудбалер, Мајкл Овен веќе покажа дека е добар и во своето ново хоби.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Мајкл Овен учествуваше на хуманитарниот натпревар во јавање коњи во Аскота, а на истиот го освои и второто место.

Овен јаваше „Calder Prince“, а пред него заврши само Том Четфајлд-Робертс.

„Тој е дијамант помеѓу коњите, воодушевен сум од своето ново искуство“, изјави Овен за својот миленик.

„Кога ги гледате трките со коњи на телевизија се изгледа лесно, но воопшто не е така. Сега се чуствувам безбедно, а ако се земе предвид дека до пред шест месеци никогаш не сум јавал во мојот живот, презадоволен сум. Во текот на моите тренинзи три пати паднав и во тие моменти си помислив што воопшто правам. Во прашање се брзи и опасни животни, па поради тоа не смеете да биде несериозни. Ако имате страст и желба, секоја капка пот и паѓање навистина вреди“, изјави Овен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Уапсен Рахим Стерлинг, возел дрогиран!

Рахим Стерлинг беше уапсен вчера под сомнение дека возел под влијание на дроги. Зошто проб…