Дома Фудбал Познат е првиот фаворит за нов тренер на Челзи!

Познат е првиот фаворит за нов тренер на Челзи!

Шпанскиот менаџер Андони Ираола (43) покажува голем интерес за клупата на Челзи, пишува италијанскиот новинар Фабрицио Романо.

Актуелниот тренер на Борнмут, веќе има најавено дека ќе си замине од клупата на популарните „цреши“ на крајот на сезоната, при што Романо додава дека неговата желба е да продолжи со работа во Премиер лигата. Токму поради овој мотив, работата на „Стенфорд Бриџ“ го привлекла Ираола.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Сега, Челзи го раководи Калум Мекфарлан, по втор пат оваа сезона на жешкиот тренерски стол, откако Лиам Розениор беше отпуштен по 106 дена на чело на лондонскиот клуб.

Тренерот на младинската селекција до 19 години ќе ги води „сините“ само до крајот на сезоната, до кога се очекува раководството на клубот да донесе одлука за тоа кој ќе ја преземе екипата од лето.

Токму Ираола се покажува како еден од главните фаворити, а неговата позиција се засили дополнително по јавните одбивања на Френк Лампард и Сеск Фабрегас, кои се дистанцираа од работата на „Стенфорд Бриџ“.

Други имиња кои се споменуваат во врска со Челзи се Оливер Гласнер, Чави Ернандез, Чаби Алонсо, Марко Силва и Јулијан Нагелсман, но Ираола засега е во предност како прв избор.

Шпанецот исто така се поврзуваше и со работа во Манчестер Јунајтед, но се чини дека е сè поизвесно дека гигантот од „Олд Трафорд“ ќе се одлучи за актуелниот привремен менаџер, Мајкл Керик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хрватите ќе се молат за Мундијалот: Модриќ сезоната во Милан ја заврши!

Од Милано пристигнуваат вознемирувачки вести за Хрватите за повредата на Лука Модриќ. Капи…