
Карлос Алкараз во Барселона се здоби со непријатна повреда на тетивата поради која ќе паузира подолго време, а сега има информација кога шпанскиот тенисер ќе се врати на теренот.
Алкараз беше во добра форма, но потоа се повреди на тетивата во првиот натпревар во Барселона. Тој дуел го доби, но следниот го предаде без борба, а потоа се дозна дека ќе го пропушти Ролан Гарос.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Не беше познато дали Алкараз ќе ја излечи повредата пред почетокот на сезоната на трева, а сега тоа прашање доби одговор. Според добро информираните медиуми од неговата земја, Шпанецот би требало да се врати на терените на турнирот во Квинс, што е генерален пробен натпревар пред Вимблдон.
Алкараз го има освоено овој турнир, кој инаку се игра две недели пред почетокот на третиот гренд слем во сезоната. Да потсетиме, Алкараз го освои Австралиското опен, првиот гренд слем во сезоната по победата против Новак Ѓоковиќ.