Дома Фудбал Челзи го совлада Лидс и стигна до финалот на ФА Купот.

Челзи го совлада Лидс и стигна до финалот на ФА Купот.

Челзи ги остави зад себе непријатните резултати од последниве недели и се пласира за финалето на ФА Купот. Лондонскиот тим победи со 1:0 против Лидс на “Вембли”.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Енцо Фернандес во 23-та минута. Тие ќе се борат за трофејот со Манчестер Сити, кој вчера тешко се справи со Саутемптон.

Пред денешниот натпревар Челзи изгуби седум од последните осум натпревари во сите турнири. Ова стана причина за отпуштањето на Лиам Росињер. Денеска, тимот беше воден од Калум Макфарлан, а играчите се претставија малку подобро отколку во претходните натпревари. Лидс ги имаше своите моменти, но не создаде многу опасности пред Роберт Санчез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пред две години во втората лига на Андора, сега во нападот на Мексико!

Армандо Леон преку проба стигна до договор со Осиек, а со пет гола и две асистенции го при…