Дома Фудбал Након што не се квалификуваа за Светско првенство, откриен скандал во кој се спомнуваат судијата Роки и Интер!

Након што не се квалификуваа за Светско првенство, откриен скандал во кој се спомнуваат судијата Роки и Интер!

Италија по трет пат по ред не успеа да се квалификува за Светското првенство.

Љубителите на фудбалот на „чизмата“ се разочарани. И токму кога почнаа да го забораваат фијаското што им се случи во Зеница, се појави нов шок – скандал околу местење.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Имено, судијата со ФИФА значка Џанлука Роки е обвинет и е под истрага за недозволени дејствија.

Се сомнева дека како комесар за судење на Серија А и Серија Б делегирал судии по вкусот на Интер. Посебно внимание се обрнува на поставувањето на судијата Андреа Коломбо на натпреварот Болоња – Интер кој се одигра на 20 април 2025 година.

Роки тврди дека е невин, дал оставка и се фокусирал на судскиот процес. Сака да ја докаже својата невиност.

– Сигурен сум дека секогаш постапував правилно и имам целосна доверба во правдата. Ова е болна, тешка одлука за правилно водење на судскиот процес, од која сум сигурен дека ќе излезам неповреден и посилен од порано. Постојат самои еден начин да се заштити спортскиот систем во сите негови аспекти и да се почитуваат навивачите, ентузијастите и спортските љубители, почнувајќи од фудбалот: транспарентност, навремена комуникација и еднаков третман кога се решаваат обвинувања за непочитување на спортските правила, особено кога имаат потенцијални кривични последици. И тоа да се прави секогаш и со сите, тврди Роки.

Веднаш потоа се огласи и министерот за спорт во Владата на Италија, Андреа Абоди, кој изјави дека ќе има последици доколку се утврди одговорност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челзи го совлада Лидс и стигна до финалот на ФА Купот.

Челзи ги остави зад себе непријатните резултати од последниве недели и се пласира за финал…