Дома Фудбал Real нуди 175 милиони за ѕвездата на Баерн, па во Минхен одлучија веднаш да одговорат: “Тој е…”

Real нуди 175 милиони за ѕвездата на Баерн, па во Минхен одлучија веднаш да одговорат: “Тој е…”

Мајкл Олис игра во фантастична форма откако дојде во Баерн, а пред неколку дена германските медиуми објавија дека на адреса на овој клуб пристигнува понуда од дури 175 милиони евра за него. Баварците решија експресно да реагираат и да откријат каква е судбината на Французинот на Алијанц Арена.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Репрезентативецот на Франција игра фантастично во дресот на Бајерн, а тоа особено се забележува оваа сезона.

Игрите на Олис не останаа незабележани бидејќи веќе некое време се шпекулира дека неколку клубови покажале сериозен интерес за него, а најмногу тоа се однесува на Реал Мадрид.

Флорентино Перез сака дополнително да ја засили екипата по уште една разочарувачка сезона и наводно е подготвен да плати дури 175 милиони евра за Олис ова лето да потпише за кралскиот клуб.

Меѓутоа, многу работи зависат и од Бајерн со кого претставникот на Франција има договор уште три години.

“Мајкл Олис е апсолутно недопирлив. Нема шанси, дури ни за секунда не помисливме да го продадеме,” изјави спортскиот директор на баварскиот клуб Макс Еберл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул понуди 100 милиони евра за Диоманде

Ливерпул се активираше во потрагата по сензацијата на РБ Лајпциг, Јан Диоманде, објавува н…