Дома Кошарка Невиден хаос, Јокиќ исклучен: Погледнете го моментот кога почна турканицата меѓу играчите на Минесота и Денвер!

Невиден хаос, Јокиќ исклучен: Погледнете го моментот кога почна турканицата меѓу играчите на Минесота и Денвер!

Минесота води 3-1 во плеј-офот откако го совлада Денвер со 112-96 во 4. натпревар од оваа серија, а натпреварот го одбележа самиот крај.

Само една секунда пред крајот почна жестока турканица која ја започна Никола Јокиќ. Имено, Мареј ја промаши тројката, Конли ја фати топката во скокот и ја испрати кај Мекденијелс кој положи и поентираше. Тоа го разгневи српскиот репрезентативец, се нафрли на него и избувна хаос на теренот што едвај се смири.

Никола Јокиќ беше исклучен, беше прилично нервозен, бидејќи во последната четвртина не постигна поени од игра, а погледнете што се случи на паркетот во Таргет центарот. Мекденијелс исто така беше исклучен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Шортс го совлада својот поранешен клуб и со Ледеј ја подели наградата во Евролигата

Ти Џеј Шортс со 25 поени и девет асистенции ја водеше Валенсија до победа во Париз. Призна…