
Челси, откако новите сопственици го заменија Роман Абрамович, стана најголемиот потрошувач на фудбалскиот пазар.
Тешко е да се разбере политиката на „Сините“ која би ги довела поголем дел од клубовите до банкрот.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Клубот од Лондон на отпремнините на петте отпуштени менаџери потроши 61,3 милиони фунти (70,4 милиони евра). Најдобро помина Лијам Розениор. По само четири месеци работа, Стемфорд Бриџ го напушти побогат за 24 милиони фунти (27,6 милиони евра).
Последната ревизија на бизнисот покажа дека во последните четири години клубот прави загуба од 629.000 фунти (723.000 евра) – дневно!
Најголемото внимание го привлече податокот дека фирмата „22 Холдко“, најголемата регистрирана во Велика Британија под закрилата на Блу компанијата за 38 месеци постоење направила загуба од 1,852 милијарди фунти (2,12 милијарди евра). Сумата се совпаѓа со она што Челзи последните три години го потрошил за купување нови играчи, што покажува од каде сопствениците на Челси вадат пари.
Дополнителен проблем е што буџетот на Челси за плати сочинува 76 проценти од вкупните приходи на клубот, што според новите правила на Премиер лигата значително ќе ја намали можноста клубот да ангажира нови фудбалери по платите што досега ги нудеше, што ќе биде сигурно голем проблем на лето кога ќе дојде новиот тренер.