Дома Фудбал Перез почна со акција: На сите им е јасно кое ќе биде првото засилување за Реал Мадрид

Перез почна со акција: На сите им е јасно кое ќе биде првото засилување за Реал Мадрид

Флорентино Перез одлучи дека на лето ќе направи одредени промени во играчкиот состав на Реал Мадрид по уште една многу неуспешна сезона, а сега на сите им е јасно кој ќе биде првото засилување на „Кралскиот клуб“.

Последните две сезони Реал Мадрид вложи многу пари во играчкиот состав, но тоа не ги донесе посакуваните резултати што навистина го налути претседателот на клубот, Флорентино Перез.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ова најверојатно ќе биде втора година по ред за Реал без ниту еден трофеј, што за Перез е неприфатливо, со оглед на тоа каков играчки состав има овој клуб.

Веќе е јасно дека Алваро Арбелоа нема да биде тренер следната сезона на овој тим и дека Реал Мадрид ќе добие нов тренер, но покрај тоа се очекуваат и промени во соблекувалната.

Неколку играчи на Реал веќе добиле порака дека на нив повеќе не се смета, и Перез прави простор за доведување нови засилувања со што сака да го смири незадоволството на навивачите по уште една сезона за заборав.

Со Кралскиот клуб се поврзуваат веќе многу имиња, но се чини дека е јасно кој ќе биде првото засилување на Реал во летниот трансфер период.

Мадридскиот „АС“ објави утрово дека Реал одлучил да го откупи договорот на Ника Паз од Комо и повеќе нема дилема дека тој следната сезона ќе го носи дресот на овој клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Real нуди 175 милиони за ѕвездата на Баерн, па во Минхен одлучија веднаш да одговорат: “Тој е…”

Мајкл Олис игра во фантастична форма откако дојде во Баерн, а пред неколку дена германскит…