
Тотенхем можеби ќе остане без значаен играч во завршната фаза на Премиер лигата.
Тотенхем успеа да освои три важни поени против Вулверхемптон, освојувајќи го натпреварот со 1:0 во рамките на 34-тото коло од Премиер лигата. Единствениот гол на натпреварот го постигна Пљањина во 82-та минута.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Ова беше првата лига победа за Спарс во 2026 година, но многумина беа загрижени поради повредата на Чави Симонс кој мораше да биде изнесен на носилки од теренот.
Се играше 56-та минута од дуелот кога холандскиот фудбалер падна на земја по еден дуел, го фати коленото и силно извика од болка. Тоа изгледаше прилично загрижувачко, како се превиткуваше на тревата. Не можеше да ја продолжи играта, па наскоро го изнесоа на носилки.
Со оглед на тоа што Светското првенство е за помалку од 50 дена, постои стравување дека поради повредата може да го пропушти учеството на големиот турнир со холандскиот национален тим.
Faaaark Xavi Simons did his ACL!!!💔
— TopCee (@UtdTopCee) April 25, 2026
Xaxi World Cup dream might be over. 😭😭pic.twitter.com/xyNTPLsGry https://t.co/GhJQ4Ts3WV