
Пеп Гвардиола е врзан со Манчестер Сити до 2027 година, но не е изненадување ако го прекине договорот ова лето, дури и ако успее да ја освои титулата во Премиер лигата. Според британскиот Гардијан, управата на Сити веќе го избрала неговиот наследник.
Од 2016 година Гвардиола е на чело на “граѓаните”, и во неколку наврати има кажано дека „порано или подоцна, Винсен Компани ќе биде новиот тренер“. Сепак, за периодот по заминувањето на шпанецот, клубот има друга визија – во вид на Енцо Мареска.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Директорот Уго Вијана е тој кој силно ги поддржува пристигнувањето на Италијанецот, особено затоа што тој веќе работел во клубот од август 2020 до мај 2021 како тренер на У23 тимот, а потоа и дел од стручниот штаб на Гвардиола во периодот од јули 2022 до јуни 2023.
Мареска беше дел од тимот кој ја освои Лигата на шампиони со Сити во 2023 година, а Гвардиола го има опишано како „еден од најдобрите тренери во светот“, дополнително пофалувајќи ја неговата работа во Челси.
Италијанецот се докажа како успешен тренер, водејќи го Лестер во Премиер лигата и донесе на Челси Лига на конференција и Светско клупско првенство. Сепак, ја напушти екипата минатата зима.
Во втората сезона на кормилото на “сините”, работите не одеа како што се очекуваше. По несогласувања со управата, неговото водство нагло заврши во јануари. И покрај тоа што имаше уште три и пол години од договорот, заедно со опција за продолжување, Мареска се раздели со Стамфорд Бриџ.