Дома Фудбал Потенцијалниот заменик на Бастони рече “да” на Интер

Потенцијалниот заменик на Бастони рече “да” на Интер

Лидерот во Серија “А” Интер постигна согласност за трансфер со дефанзивецот на Сасуоло Тарик Мухаремовиќ, кој можеби ќе го замени Алесандро Бастони, пишува весникот “Газета дело Спорт”.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


“Нераѕурите” планираат да му понудат на босанскиот дефанзивец договор од пет години, и се останува да се договорат за конечниот трансфер со неговиот клуб. Меѓутоа, од таму чекаат интерес за Мухаремовиќ и од клубови од Премиер лигата, бидејќи на тој начин неговата цена значително ќе скокне.

Босанскиот репрезентативец претходно беше сопственост на Јувентус, а во моментот кога клубот го продаде на Сасуоло, задржа 50% од правата на него. Така, половината од трансферната сума за 23-годишниот бранител ќе ја добие големиот ривал на Интер.

Меѓувремено, според “Мундо Депортиво”, Бастони е подготвен да ја намали својата плата за да го олесни евентуалното преминување во Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул понуди 100 милиони евра за Диоманде

Ливерпул се активираше во потрагата по сензацијата на РБ Лајпциг, Јан Диоманде, објавува н…