Дома Фудбал Не се оправдаа лошите прогнози за Јамал

Не се оправдаа лошите прогнози за Јамал

Ламин Јамал е само со истегнување и треба да биде подготвен за Светското првенство, објавија од Барселона врз основа на резултатите од денешните лекарски прегледи. Сигурно е, сепак, дека напаѓачот нема да игра до крајот на сезоната на каталонците.

Јамал замина со болки од последниот натпревар од Ла Лига против Селта, а според некои медиуми како „Марка“, тој имал скинато тетива. Но, на крајот лекарите дијагностицираа само истегнување, што е добра вест. Од „Камп Ноу“ појаснуваат дека играчот ќе помине низ конзервативно лекување.

До крајот на шампионатот во Шпанија на Барселона ѝ остануваат уште шест натпревари, а тимот е фаворит за одбрана на титулата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нејмар веќе не е за сериозен фудбал – уште една тешка повреда!

Нејмар минува низ тешки моменти. По елиминацијата со репрезентацијата на Бразил веќе во ос…