Дома Фудбал Без удар на гол победуваат, гол разликата им е во минус, а тие на прагот на Лигата на шампионите!

Без удар на гол победуваат, гол разликата им е во минус, а тие на прагот на Лигата на шампионите!

Неверојатна ситуација во моментов имаме во шпанската Примера.

Хетафе во средата навечер го совлада освојувачот на Купот на Кралот Реал Сосиедад на гости со 0:1 без да изведат ниеден удар на гол. До голот стигнаа со автогол на противнички играч.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Статистиката на натпреварот беше во целосна спротивност со резултатот, но тоа кај Хетафе не е ништо ново.

Тие сега се на 6. место во Примера со 5 бода помалку од Бетис. Тоа пето место е многу важно бидејќи Шпанија уште се бори за дополнително место во Лигата на шампионите со Германија.

Хетафе во 32 одиграни натпревари има освоено 44 бода, а гол разликата им е 28:32. Од нив помалку голови постигнаа само Рајо Ваљекано кој е на 16. место и Овиедо кој е на последно место и веќе практично нов член на Сегунда.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Многу имиња се споменуваат за менаџерската позиција во Челси, но кои се фаворити

Откако вчера раководството на Челси донесе одлука да се раздели со деветтиот менаџер за по…