Дома Фудбал Голема штета: Германија остана без ѕвезда за Светското првенство

Голема штета: Германија остана без ѕвезда за Светското првенство

Фудбалерот на Баерн и репрезентативец на Германија, Серж Гнабри, соопшти дека поради повреда ќе го пропушти претстојното Светско првенство, кое ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули годинава во Мексико, Соединетите Американски Држави и Канада.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Гнабри пред неколку дена на тренингот со Баерн доби повреда на адукторниот мускул на десната нога. Германските медиуми наведуваат дека по дополнителните лекарски прегледи, утврдено е дека фудбалерот на Баерн го очекува подолга пауза.

„Сезоната со Баерн во која по освојувањето на новата титула во Бундеслигата не очекуваат уште многу натпревари, сè уште трае. Мојот сон за настап со репрезентацијата на Германија на СП е завршен. Ќе навивам за момците дома, како и остатокот од земјата. Сега е време да се фокусирам на опоравувањето и подготовките за новата сезона“, напиша Гнабри на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

До вчера сите го гледаа во Барселона, а потоа пристигна повик – од Жозе Мурињо!

Бернардо Силва e „златната кокошка“ на летото 2026 година, бидејќи стана слободен играч и …