Дома Фудбал Класа: Суарез постигна спектакуларен гол! (Видео)

Класа: Суарез постигна спектакуларен гол! (Видео)

Голот на Луис Суарез за Интер Мајами на гостувањето кај Реал Солт Лејк е вреден за гледање повеќе пати.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


“Годините се само бројка, но класата останува”, е едно од повторуваните изрази што коментаторите ги користат кога некој ветеран ќе ги покаже вештините кои го направиле легенда во својот спорт.

Токму тоа можеме да го кажеме за Луис Суарез, кого Лионел Меси пред две години го убеди да остане активен и да се приклучи на Интер Мајами, а Уругваецот во 93 натпревари имаше постигнато 43 гола.

Еден од најубавите во неговата кариера го постигна минатата ноќ на гостувањето кај Реал Солт Лејк, кога во 83-та минута од натпреварот со прекрасен волеј од работ на шеснаесетникот успеа да ја затресе мрежата, по уште поубава акција.

Вистинска уметност на фудбалот, нема што повеќе да се додаде, само да ве упатиме да го погледнете приложеното видео.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aмериканците за Иранците имале специјални правила и важеле само за нив

Откако успеа да го реши прашањето со визите, фудбалската репрезентација на Иран повторно е…