Дома Останати Тенис Ѓоковиќ со прогноза: За Рим можеби, но за Ролан Гарос ќе бидам подготвен

Ѓоковиќ со прогноза: За Рим можеби, но за Ролан Гарос ќе бидам подготвен

Новак Ѓоковиќ во понеделникот вечерта, во текот на церемонијата на прогласување на најдобар спортист во светот, изјави во интервју за „Eurosport“ дека е повреден и дека затоа не игра во Мадрид, но дека се надева на учество на Ролан Гарос. Мастерсот во Рим кој е меѓу овие два натпревари не го спомна.

Во подоцнежно интервју за шпанската станица „Теледепорте“, малку ја ревидираше ситуацијата:

„Тренирам за да бидам подготвен да играм во Рим. Не можам ништо да прогнозирам, сè зависи како ќе се развива состојбата со мојата повреда, но за Ролан Гарос ќе бидам подготвен.

Ноле пред, за време и по церемонијата Лауреус даваше многу изјави. Ја повтори и желбата да ја брани златниот медал на Олимписките игри во Лос Анџелес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Лоши вести за Ѓоковиќ: Медведев го помина првото коло во Пекинг

Данил Медведев го победи Пабло Карењо-Буста и се пласираше во второто коло на АТП турнирот…